ГОЧЕВСКА ПОЗИРАШЕ ВО БИЛБЛИОТЕКА: Моден викенд Скопје прави синергија меѓу модата и литературата

182

Пролетното издание на Моден викенд Скопје ќе се случува од 30 март до 1 април во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Под мотото „What feeds your imagination?“ (Што ја храни твојата имагинација) организаторите во изминатиов периот напорно работеа на 17. издание на најпопуларното модно случување кај нас.

Манекенката Мануела Гочевска од модната агенција „Подиум“ е новото заштитно лице за престојниот FWSK.

– Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје. Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите.
Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку модните
креации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и предизвикаме имагинациите и
визуелната култура кај сите модни вљубеници- велат организаторите.

Фотографиите и видеото од снимањето ги потпишува Марина Трајковска, а графичкиот дизајн на имиџ-насловната Дејан Зафировски.