Граѓаните преплашени, Градот нема решение: Уште двајца скопјани искасани од кучиња скитници

23

Уште двајца скопјани се искасани од кучиња скитници. Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени. Искасани граѓани се секојдневна слика во главниот град во државава.

Вчера во 10.00 часот во полициската станица Кисела Вода, Г.Т. (51) од Скопје пријавил дека на улица „Народни херои“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

Исто така, вчера во 11.50 часот во полициската станица Карпош Р.Р. (44) од Скопје пријавил дека на улица „Влае“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.