ГРОМОГЛАСЕН ПОЗДРАВ ЗА „ГОЛДЕН СТЕЈТ“: Повеќе од милион навивачи на улиците на Оукленд (ВИДЕО)

955

Кошаркарите на старо-новиот НБА шампион „Голден Стејт“ беа поздравени од преку еден милион навивачи за време на парадата на „Воините“ низ улиците на Оукленд.

На навивачите им се обрати Стеф Кари кој порача дека и во иднина ќе се случуваат вакви прослави на трофеи.

– Никогаш не замислував дека можеме да имаме ваква парада, а да не зборам за две-три. Сега можам да кажам дека ќе има и повеќе, изјави Кари кој заедно со Кевин Дурант беа најзаслужните за трофејот.

„Голден Стејт“ пред четири дена стигна до шестата титула во НБА лигата победувајќи го во финалната серија „Кливленд“ со 4-0.