Груби ми рече дека навивачите само си пеат – вели директорката на МНТ по оштетувањето на театарот

168

Сѐ уште ја немаме конечната пресметка на направената штета во МНТ, но факт е дека штета има. Полицијата направи увид, станува збор за исечен тапацир на столиците, откоранти орнаменти и шипки, расклатени столици… Сепак, тоа беше маса на народ, над 700 луѓе- за ,,Фокус” појаснува Симона Угриновска, директорка на МНТ, по настанот во петокот, кога навивачката група Шверцери присуствувала на настан, проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери.

Видео снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа дека навивачите скандираат, удираат по столиците, пеат и се однесуваат како на спортски натпревар, а не на културен настан во установа за чија изградба беа потрошени околу 40 милиони евра.

-Се работеше за два настана во организација на Владата и никој не очекуваше вакво нешто. Првиот дел помина во најдобар ред, свечена академија и одбележување на Денот на албанската азбука, а потоа започна вториот, за кој пратеникот Артан Груби беше координатор и ме извести дека се работи за проекција на документарен филм за Шверцери. Посетителите си влегоа културно во театарот, а тоа што се случи потоа беше голем шок.

-Полицијата влезе внатре, но не интервенираше. Значи, тоа беше маса на народ, слично како на спортски натпревар. Ќе се утврдува колку е точниот износ на направената штета. Околу објавите во одредени портали во кои се бара моја оставка, можам да кажам само дека јас не бегам од одговорност. Ако одговорноста е моја, ќе се соочам со неа – ни изјави директорката.