Груевски на распит во СЈО

115
Gruevski_SJO

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера неколку часа беше во просториите на Специјалното јавно обвинителство во својство на сведок во нова предистражна постапка.

По распитот Груевски изјави дека ова што го работи СЈО е незаконски, бидејќи нивниот мандат, како што рече, е одамна истечен, а предистражните постапки што се водат се малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да поднесуваат никакви обвиненија.

Претходно, специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека станува збор за новоотворен предмет за финансиска истрага за земена провизија за електрична енергија, по извршеното вештачење на два телефонски разговори, што во континуитет се водат од едно лице. 

Предистражната постапка во која Груевски е повикан како сведок, според Јанева, имала сличности со финансиските истраги што веќе се водат пред СЈО.