Грчката полиција ја прекина проекцијата на „Џокер“ во две кино сали

969

Грчката полиција прекина две проекции на филмот „Џокер“ во Атина откако претставници на грчкото министерство на култура добиле информација дека филмот го гледаат малолетни лица. Полицијата посетила две кино сали во иста вечер и од таму изнесла 19 деца, од кои четири биле заедно со своите родители, пренесува Јуроњуз.

Филмот, со Хоаким Феникс во главната улога, кој го прикажува животот на противникот на Бетмен, Џокер, во Грција не е дозволен за деца под 17 години. Таквата одлука стана главна вест откако беше објавено дека врз основа на законот, менаџерите на кино салите може да заработат казна до 10.000 евра.

Филмот предизвика контроверзи бидејќи го воздигнува насилниот протагонист, Џокер.