ДАВИТКОВ: Во Швајцарија да ја продолжиме победничката серија

224

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе замине за Швајцарија каде ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во првата претквалификациска рунда за Евробаскет 2021. Селекторот Јорданчо Давитков посакува добар настап и задржување на победничкиот ритам.

– Победивме три натпревари и изградивме добра атмосфера. Овој меч доаѓа во незгодно време, но изминатите десет дена ги минавме доста добро. Успеавме да го вклопиме и новиот Американец – Шејн Витингтон. Одиме да победиме, но нема да биде лесно. Многумина очекуваат само да се појавиме на паркетот, но ние мораме максимално да се испотиме и да се пласираме понатаму. Сите во Европа играат кошарка и во светот. Нема повеќе мали тимови, изјави Давитков за веб страницата на МКФ.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија ќе се игра утре (28 јуни) со почеток во 19 часот и 30 минути.