Далиќ останува селектор на Хрватска

30
zlatko_dalik

Златко Далиќ ќе ја предводи Хрватска на Светското првенство во Русија следната година, потврди претседателот на тамошниот Фудбалски сојуз Давор Шукер.

Далиќ по отказот на Анте Чачиќ, ја презема Хрватска пред баражот против Грција и успеа да обезбеди учество на Мундијалот во Русија идната година.

– Разговаравме со Далиќ и можам да потврдам дека тој ќе ја води репрезентацијата во Русија, изјави Шукер.

Далиќ како услов да остане на функцијата, побара Дражен Ладиќ, поранешен голман на репрезентацијата и човек кој често ја критикуваше работата на ФС Хрватска, да биде со него во стручниот штаб.