Дали постои поволна клима за развој на женското претприемништво?

477

„Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?“ е тема на јавната расправа, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Јавната расправа се реализира како дел од проектот „We contribute: Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“.

Проектот го спроведуваат организациите – партнери, Фондацијата МИР, Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска во текот на целата 2018 година, а е финансиран од ЕУ.