Дали Шведска повторно ќе ја отвори истрагата за Асанж?

194

Шведскотo обвинителство денеска треба да објави дали повторно ќе ја отвори истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, по обвинувањата за силување против него од 2012 година.

Би-би-си објави дека истрагата може да биде отворена доколку адвокатот на наводната жртва поднесе барање за тоа.

Асанж ги отфрла обвинувањата, а за да избегне екстрадиција во Шведска, тој од 2012 година престојуваше воАамбасадата на Еквадор во Лондон. Но, Еквадор минатиот месец му го укина азилот и Асанж беше уапсен и осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условната слобода.

Негова екстрадиција бараат и САД каде е осомничен за објавување доверливи воени и дипломатски документи во 2010 година.