Дали Јунајтед ќе прифати 80 милиони плус Иско за Пол Погба?

277

Зинедин Зидан не се откажува од намерата да го доведе Пол Погба. Веќе испрати неколку понуди на маса на Манчестер Јунајтед, а сега ја подготви најпримамливата.

Се работи за парично обештетување од 80 милиони евра плус Иско. Андалузискиот фудбалер е проценет на 60 милиони евра што би било на граница на она што „црвените ѓаволи“ го бараат за своето најскапо засилување во историјата.

Доколку прифати, Јунајтед ќе има ново квалитетно име во средниот ред, а ќе има и пари за да се насочи кон трансферот на дефанзивецот на Лестер Сити, Хари Мегваер.

Желбата и на Погба и на премиерлигашот е да ја прекинат соработката, па оваа понуда би можела да ги задоволи двете страни.

Во игра за потписот на Французинот е и Јувентус кој исто така нуди пари и една од своите ѕвезди – Пауло Дибала, Алекс Сандро или Блез Матуиди.