Дац: Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски

73

Актерот Драган Спасов- Дац на својот Фејсбук профил сподели статус во врска со скандалот во кој е поврзан пратеникот Павле Богоевски од СДСМ.

Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?, ова преку својот Фејсбук статус го објавува актерот Драган Спасов Дац.

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.

Претходно се појави снимка на која се слуша во телефонски разговор пратеникот Павле Богоевски како нарачувал марихуана. Тој се огласи јавно дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.

„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.