ДВЕ ХИМНИ ВО ИСТО ВРЕМЕ: Пукна патриотизмот кај руските хокеари (ВИДЕО)

334

Руските хокеари ja испејаа забранетата химна по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Пјонгчанг. Во салата настана вистински музички хаос. Додека во позадина одеше олимписката химна, руските хокеари си ја пееја својата химна, како и нивните навивачи кои беа во салата.

Имено, поради допинг скандалот Русија на олимписките игри во Пјонгчанг се натпреварува под името Олимписки атлети од Русија (ОАР), наместо своето го користи знамето на олимписките игри, а има забрана да се интонира и нивната химна кога ќе освојат златен медал, па наместо руската се пушта олимписка химна.

Русија со 4-3 ја победи Германија во финалето на хокеј турнирот на Олимписките игри.