Дебакл на Тереза Меј: Британскиот Парламент не го прифати договорот за Брегзит

188

Тереза Меј го претрпе најтешкиот парламентарен пораз на било кој друг британски премиер во демократската ера откако пратениците го отфрлија нејзиниот договор за Брегзит со убедлива разлика од 230.
Британските пратеници не го прифатија предлогот на премиерката Тереза Меј за напуштањето на земјата на ЕУ. Против планот на Меј за Брегзит гласаа 432 пратеници, а со „за“ се изјаснија 202 пратеници.
Меј побара од пратениците уште еднаш да го проучат договорот за Брегзит и да ја поддржат со денешното затворање на осум дневната дебата за Брегзит, предупредувајќи ги да не го прекршат ветувањето кон британскиот народ да го испорачаат Брегзит.

„Ова е најзначајното гласање во кое што било кој од нас некогаш ќе учествува во својата политичка кариера. По сите дебати, сите несогласувања, сите поделби, сега дојде време за сите нас во овој дом да донесеме одлука. Одлука што ќе ја дефинира нашата одлука за следните децении“, рече таа.

„Заедно можеме да им покажеме на луѓето на кои им служиме дека нивните гласови се слушнати, дека нивната доверба е на вистинско место“.

Лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин поднесе барање за гласање на недоверба во Владата на Меј, за кое пратениците треба утре да дебатираат.

Претседателот на ЕП, Доналд Туск порача дека единствено позитивно решение за Британија е да остане во ЕУ. Шефот на ЕК, Жан Клод Јункер истакна дека ЕУ ќе се подготви за сценарио според кое Британија ќе го напушти блокот без договор. Последен рок за излегување на Британија од ЕУ е 29 март годинава.