ДЕБИТАНТОТ ГИ ЗАНЕМЕ СИТЕ: Лицата на моделите покриени со свежо цвеќе (ФОТО)

283

Ревија на дебитант на која лицата на манекенките беа покриени со цвеќиња го привлече вниманието на модниот свет насекаде.  Станува збор за младиот дизајнер Ноар Кеј Ниномија од Јапонија кој се претстави пред париската публика.

 

Манекенките носеле само црни модели изработени од најразлични материјали. Можат да се забележат кожни јакни, чипкасти фустани, здолништа од тул, свилени кошули.

Ниномија совршено добро го избалансирал мрачното црнило со свежи букети цвеќиња поставени некои на лицата, а некои на главите од манакенките.

Преубавите букети ги направил аранжерот Макото Азума.

 

Ревијата на Ниномија беше одржана во малата сала на Факултетот де Фармаси де Парис, која не била доволна за публиката на речиси непознатиот дизајнер.