ДЕДО ЗАВОДНИК: Се оженил осум пати, сега бара „позрела“ триесетгодишна жена (ФОТО)

35
Sheppard-1

Рон Шепард, шеесет и деветгодишен дедо од Британија е многу несреќен во љубовта, склучил 8 бракови, а сега повторно е во потрага по ,,вистинската”. Неговата последна девојка, Кристл (41 година помлада од него) била на пат да стане негова деветта сопруга, но ненадејно го оставила, па сега Шепард има намера да бара, како што вели, „позрела жена“ на околу 30-годишна возраст, пишува „Дејли Мирор“.

Шепард, сè до моментот кога го напуштила, мислел дека неговата последна девојка, Кристл Маргуес (28), е „онаа вистинската“. Дедо Рон е доста активен на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што комуницира со голем број на жени.

Откако во 1966 се оженил со Маргарет (со неа има три деца, а разводот следел по две години), работите во љубовта не се движеле во најдобар правец за него. Пензионираниот туристички забавувач од Мартлок, Сомерсет, вели дека неговата последна девојка била премлада за него.

Секогаш имаше слушалки и постојано слушаше музика. За мене беше малку премлада. Следната ќе биде малку постара. Сите жени со кои се допишувам на „Фејсбук“ се помлади, но јас барам некоја што има изграден карактер, и добра смислата за хумор, но и да зборува добро англиски. Околу 30 години е совршена возраст. Не знам дали повторно ќе се оженам, ќе треба да почекате и да видите, иако таа идеја не сум ја отфрлил целосно, но во ова време може и да се помине без склучување на брак. Луѓето околу мене ми велат ако продолжам вака ќе завршам со фудбалски тим, вели Шепард.

Кристел и Рон

Тој вели дека навистина е разочаран поради тоа што не успеал во неговиот последен „обид“ да однесе жена пред олтар, иако имало работи кои навестувале дека врската е осудена на пропаст. Девојката била веќе омажена на Филипините, од каде што и потекнува, иако му ветувала дека ќе се разведе. Имала и дете, по кое копнеела цела година.

Кристел и Рон

Најдолгиот брак на Шепард траел 13 години, а најкраткиот 10 месеци. Тој првпат се оженил во 1966, со жена по име Маргарет со која имал три деца, но разводот следел две години по склучување на бракот.

Вториот брак го склучил во 1973, со Џенет, но овој брак треел една година.

Третата среќа за дедо Рон била Лесли која ја оженил во 1976, тие имале две машки деца. Рон ја напуштил Лесли пет години подоцна, а таа починала во 1996.

Sheppard-3
Лесли, една од сопругите на Рон

Потоа дошла Кети, се венчале во 1982, а имале ќеркичка.

Четири години подоцна, Рон повторно се преженил. Су родила две машки деца, а 11 години по венчавката го избркала Рон од куќата.

Sheppard-5
Су, една од сопругите на Рон

Уша, од Сингапур, била во врска со него во 1999 година, по што следела Ван во 2003 година и Венг една година подоцна. Тие се разделиле во 2015 година, а се развеле во март.

Тој ја запознал Кристил пред повеќе од десет години, кога таа имала 15 или 16  додека бил оженет со Ван (жена број седум) и живеел во Тајланд.

Венг (36) го „откачила“ по 11-годишен брак. Откако Кристел го напуштила Шепард повторно трага по „онаа вистинската“.

Пред три години Шепард напишал книга насловена „The Lord of the Wedding Rings“. Тогаш изјавил дека бракот со Венг ќе му биде последен, а книгата ја напишал бидејќи не сакал другите да ги повторат грешките што тој ги направил.

(Ripostmk.com/Мirror.co.uk)