Делегација на Советот на министри на Босна и Херцеговина утре во посета на Македонија

312

Делегација на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот на Советот Денис Звиздиќ, утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Звиздиќ ќе има средба со премиерот Зоран Заев во Владата на РМ, по која ќе одржат заедничка прес-конференција, а билатерална средба ќе одржат и владини делегациии од двете земји кои свечено ќе потпишат договори за соработка.

Како што соопшти владината прес-служба, делегации на Република Македонија и Босна и Херцеговина потоа ќе се приклучуваат кон Маршот на живите и пеш ќе пристигнат пред споменикот на 7144 македонски Евреи во кругот на Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол), во рамки на одбележувањето 75 години од холокаустот на македонските Евреи.