Дел Боске: Никогаш не би го довел Нејмар во мојот клуб

53

Поранешниот селектор на Шпанија, Винсенте дел Боске даде свое мислење за случајот Нејмар. Тој вели дека доколку е тренер на Барселона никогаш не би го довел во клубот.

„Доаѓањето на Нејмар ќе беше добро за шпанското првенство, но да сум јас еден од луѓето од клубот никогаш не би го довел. Тој е неверојатен фудбалер, нема дилеми, но постои друг аспект кој ме одбива од него. Да спроведете анкета меѓу навивачите на Барселона, сигурен сум дека повеќе од 50 отсто ќе бидат против неговото доведување“, изјави Дел Боске.

Бразилецот сакаше да се врати во Барселона, но неговиот трансфер од Пари Сен Жермен пропадна.