МПЦ: Се чествува Св. бесребреници Кир и Јован

72

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јануари. Православните христијани го празнуваат празникот Св. бесребреници Кир и Јован.

Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован. Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на рим¬ските власти.

Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.