„Дестинис Чајлдс“ повторно заедно на сцена (ВИДЕО)

119

Некогаш популарната група „Дестинис Чајлдс“ повторно се појавија заедно на сцена и тоа на фестивалот „Coachella“ во саботата.

Кели Роуланд и Мишел Вилијамс по три години пауза и се придружија на Бијонсе на сцената, па заедно отпеаја три од нивните хитови од периодот кога беа група. Имено, настапот беше збогатен со „Lose My Breath”, „Say My Name” и „Soldier”.

– Коачела, ти благодарам што повторно нè обедини, изјави Бијонсе потоа.

Фестивалот се одржува еднаш годишно, секоја пролет, и трае два викенда, во градот Индио, Калифорнија, САД.