Де Лаурентис: Ако го купевме Роналдо ќе банкротиравме

371

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис ги потврди информациите дека Кристијано Роналдо сакал кариерата да ја продолжи во Наполи.

Неаполитанците не можеа да го платат бараниот износ. Како резултат на тоа, 33-годишниот Португалец потпиша договор со Јувентус.

– Роналдо сакаше да дојди во Наполи. Неговиот агент, Жорж Мендес, ме контактираше за ова прашање. Ние требаше да направиме понуда и сме подготвени да потрошиме пристојни пари, но 350 милиони евра, земајќи ги предвид сите трошоци на трансферот – тоа е повеќе отколку што можеме да си го дозволиме. Ако го направевме тоа би ризикувале да го турнеме Наполи во банкрот, изјави Лаурентис.

Роналдо се пресели во Јувентус во почетокот на јули. Според „transfermarkt.de“, во следните две години клубот од Торино ќе плати 112 милиони евра. Според неофицијални информации, платата на Роналдо во новиот клуб изнесува 30 милиони евра по сезона.