Димитриеска Кочоска: Министерката Ангеловска не е транспарентна во одлуките

1064

Дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска тврди дека се уште има ограничен пристап до важни информации во министерството.

Иако министерството говори за транспарентност – во пракса тоа не е така – обвинува Кочоска. Тврди дека министерството нема евиденција колку лица се вработиле или ангажирале во институциите.

„Се надевам министерството за финансии нема повторно да ја манипулира јавноста и да кажува дека плановите за вработувања се доставени, затоа што уште еднаш напоменувам дека тоа се две различни работи, како по значење така и по законски основ. Накратко се надевам дека министерката по нашите укажувања почна да разликува што е план а што реализација.“,-Гордана Димитриеска Кочоска, дополнителен заменик министер за финансии.

Кочоска обвинува и за слаб пристап до податоци кои се однесуваат на јавниот долг, годишниот план за јавни набавки, неплатените обврски на буџетските корисници како и трезорскиот систем.

„Прашувам на кого не му одговара да излезат на виделина вистинските бројки и параметри ? на кого не му одговара да се знаат точните бројки околу вработувањата во администрацијата и целиот јавен сектор, а посебно пред овие избори ? ова ми отвора сомнеж дека некој навистина сака да направи поткуп.“,вели Гордана Димитриеска Кочоска, дополнителен заменик министер за финансии.

Од кабинетот на министерката за финансии досега се немаат огласено по овие обвинувања.