Димовски оптимист за избор на новиот ревизор, ќе се расправа и за апанажата на Јанева

171

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, е оптимист дека денеска конечно Ќе се бира новиот Државен ревизор.

Тој изјави дека има доволен обем на информации кои му даваат право да е оптимист дека после неколку месеци одложувања денеска ќе се помине оваа тема. Освен Државни ревизор, Димовски се надева дека на денешната седница на комисијата закажана во 15:00 часот ќе се изгласаат и повеќето од другите точки како што се Комисијата за класифицирани информации, Агенција за аудио и аудиивизуелни услуги, Комисија против диакриминација и други.

Тој рече дека не може да одговори со сигурност дали сите точки ќе се изгласаат, бидејќи никој нема стабилно мнозинство во Комисијата, а одредени пратеници гласаат различно во различни ситуации и точки.

На денешните закажани седници, Димовски рече дека ќе предложи и точка за да не и се даде апанажа на Катица Јанева, со образложение дека таа не била избрана од Собранието, туку од Советот на Обвинители, а законодавниот дом бил само предлагач на кандидатите за специјални обвинители.