Димовски: Џафери треба итно да ја свика седницата за разрешување на Јанева

28

Талат Џафери треба итно, за денес, да ја свика седницата за разрешување на Катица Јанева, за да има време Советот на Јавни обвинители да ја донесе конечната одлука, напиша на својот „Твитер“, профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Талат Џафери треба итно, за денес, да ја свика седницата за разрешување на Катица Јанева, за да има време Советот на Јавни обвинители да ја донесе конечната одлука. Секое одложено закажување на седница за утре значи спасување на Катица Јанева и прикривање на рекетот и уцените“, напиша Димовски.