Првиот човек на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, си поднесе оставка откако Владата му „испрати сигнал“ дека тоа го очекува од него, пишува „Фактор“.
Претходно , на владина седница не беше прифатен годишниот извештај на оваа институција и беше оценет како незадоволителен.
Тој ја доставил оставката до Собранието во петокот и образложил дека си заминува од лични причини. Функцијата ја напушта на година и пол дена пред да му истече мандатот.