Додека Бочели пееше во Милано, илјадници луѓе плачеа поради овие морничави сцени!

710

Андреа Бочели вчеравечер влезе во историјата. За Католички Велигден славниот пејач пееше во сосема празната катедрала „Duomo di Milano“, а пред настапот во црквта ја изведе „Amazing Grace“ пред катедралата.

Никогаш во историјата просторот околу миланската катедрала не бил толку пуст.

Додека Бочели ја пееше „Amazing Grace“, прикажани беа болни и морничави кадри од Европа. Најголемите европски метрополи беа сосема празни, а сликите од празната Европа во комбинација со изведбата на Бочели биле преболни за илјадници луѓе кои се огласиле на социјалните мрежи.

„Неверојатно е да ја гледаме пуста Европа и истовремено да го слушаме овој глас. Сам, а повторно полн со надеж“, гласи еден од коментарите.