ДОМ ОД СОНИШТАТА: Ќе посакате да сте во овој луксузен стан со базен!

252

Овој стан, кој се наоѓа во бразилскиот град Сао Паоло, е простран, со голема квадратура, светол, и совршено опремен. Сепак, има еден детал кој му дава дополнителен ексклузивитет.

Сопственикот на станот, кој го ангажирал архитектот Фернандо Маркез, го замолил да му намести базен внатре во самиот објект, што не е нешто ново и необично, но претставува многу голем предизвик за архитектите.

Тие сепак го конструирале базенот ограден со стакло, кој може да послужи и само за набљудување од дневната или од спалната соба заради релаксација.

Во дневната, пак, има телевизор со елегантен рамен екран и неколку уметнички дела.

Богатата и бујна вегетација ги опкружува како внатрешноста, така и надворешноста на станот.