Доналд Трамп и Лиу Тој оптимисти за справување со трговските проблеми помеѓу САД и КИНА

109
Американскиот претседател Доналд Трамп и вицепремиерот на Кина, Лиу Тој, се оптимисти за справување со проблемите трговските проблеми. На билатералната средба се согласија дека и двете земји треба да вложат напори со цел подобра соработка.

-Кина е подготвена заедно со САД да се заложи за соодветно справување со трговските прашања и нивно решавање, што ги чувствуваат двете страни врз основа на взаемна корист, изјави Лиу Тој.

Според него двете страни треба да извршат притисок за да осигурат добра трговска соработка.
Трамп, пак, повика на зајакнување на трговските и инвестициските врски во секторите како што се енергетиката, производството и земјоделството, како и вложување напор во однос на заштитата на интелектуалната сопственост.

Кина, како што одбјави „Ројтерс“, на САД им нуди пакет трговски концесии и зголемена понуда на американски производи, со цел да го намалат трговскиот дефицит на САД со Кина за 200 милијарди долари годишно.

Но, оваа информација ја демантираше кинеското министерство за надворешни работи, оценувајки ја како „лажна“.

-Релевантните консултации сè уште се во тек, изјави портпаролот на министерството Лу Канг на брифингот за медиумите во Пекинг, појаснувајќи дека истите засега се конструктивни.

Во меѓувреме, кинеското Министерство за трговија соопшти дека се запираат на истрагите за антидампинг и компензаторни давачки за увезената сорго од САД, бидејќи домашните фармери имале потешкотии при продавање на свински производи поради пониски цени.

Американскиот претседател претходно ги отфрли критиките дека се држи до барањата за трговија на Кина за да се поштеди кинеската телекомуникациска компанија „ЗТЕ“.

-Ништо не се случило со ZTE, освен што се однесува на поголемиот трговски договор. Нашата земја губи стотици милијарди долари годишно со Кина, објави Трамп на социјалните медиуми.

(RipostMK/gbtimes.com)