Друштвото на писатели на Македонија ќе бира ново раководство

76

Редовното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи на 28 април. Оваа одлука ја донесе Претседателството на ДПМ според статутот на асоцијацијата со кој е утврден мандат од четири години.

Покрај претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избираат и статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа.

На овој највисок собир на македонските писатели ќе се избира и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ.

Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ , своите програми треба да ги достават во канцеларијата на писателската асоцијација од 13 до 27 март, најдоцна до 12 часот.