Емотивна приказна зад „чудниот“ фустан на Тифани Хадиш

554

Актерката Тифани Хадиш на „Оскарите“  се појави во впечатлива креација зад која стои емотивна приказна. 

Имено, откако медиумите се заинтерсираа повеќе за нејзиниот фустан таа ја откри позадината.

„Татко ми е од Еритреја (источна Африка) и минатата година тој почина. Тој ми рече дека еден ден ќе стигнам до тука, до Оскарите, и ако некогаш одам на Оскарите – треба да го почастам и мојот народ, Еритрејците“, објасни таа.

Впрочем ова е традиционалната облека на еритејската принцеза.