ЕУ & Балкан – Tоа не е вистинска љубов

92

Според стратегијата за проширување на Европската комисија Србија и Црна Гора би требало да влезат во Европската унија до 2025 година. Но што е со реформите?

Постојат два многу различни света.

Oд една страна се лидерите на Европската унија како претседателот на ЕП, Антонио Тајани кој минатата недела во Белград соопшти дека поради многу реформи членството на Србија во ЕУ може да биде дури и пред 2025. Од друга страна се големи делови од цивилното општество кој се жалат дека демократските недостатоци, притисокот во медиуми и судство, денес се полоши отколку во воените 90-те.

Малата јадранска земја Црна Гора преговара со Брисел веќе шест години и со отворени 30 од вкупно 35 поглавја најдалеку е во процесот за членство во ЕУ. Но, внатрешно-политичката ситуација е кревка. Половина од опозицијата веќе долго го бојкотира Парламентот, протестираат против доминантниот Милош Ѓукановиќ кој со неколку пријателски семејства со децении ја води државата како да е негова сопственост.

И претседателот на Србија Александар Вучиќ е исто така мала вечност во политиката – долгогодишен големосрпски националист и опозиционер,  шеф на Влада, а денес претседател, голем европеец. Западот без разлика дали е Вашингтон, Берлин или Париз во него и покрај долгата кариера и само 47 години гледа свој најважен партнер.

– Брисел на Вучиќ му ги простува сите недемократски потези дома само ако не провоцира нови судири и се залага за помирување со Косово, вели социјологот Јово Бакиќ.

Омилени партнери на Брисел се и во БиХ исто така, со децении на власт како муслиманскиот лидер Бакир Изетбеговиќ. Но и тој како и лидерите на Србите и Хрватите на БиХ веќе долго ја замајува ЕУ со ветувања за реформи.

– Приказните за реформи се бајки, вели директорот на невлдината организација ТИ во Сараево. Освен тоа„партиите се криминални организации и функционираат како мафија“.

Опозицискиот политичар Предраг Којовиќ вели: – партиите само сакаат да обезбедат своето илегално стечено богатство без какви било правни политички или социјални последици.

Речиси сите странски експерти велат дека партиите во секоја држава во ЈИЕ се „алфа и омега“, нив никој не ги контролира и владеат во секоја област од економијата и општеството, медиумите, судството.

Западните дипломати понекогаш и самите гледаат колку се проблематични тие нивни партнерства со моќните луѓе од Балканот. Тие врски ги правдаат со фактот дека опозицијата во нив е расцепкана, раскарана и најчесто оранизациски неспособна. Велат дека едноставно немаат втор партнер за разговори и преговори.

Многу слично е и во другите држави кои сакат членство во ЕУ како што се Албанија, Македонија и Косово.

Расправии, блокади, бојкот и корупција се нивните главни поими за внатрешната политика, а сите шест потенијални кандидати вклучени се во десетици гранични спорови.

Дипломати во ЕУ се надеваат дека на тие држави еднаш сепак ќе успеат да извршат пробив кон демократија и пазарна економија. Но, жителите не сакаат да чекаат и како многу разочари бараат излез за себе и емигрираат пред се, во Германија и Австрија. Тоа се добро организирани млади луѓе, на Запад добродојдени инжинери, лекари… Тие на своите татковини им недостасуваат и тоа е само уште поголемо уназадување на тамошното општество.