ЕУ: Жално е што заминува фондацијата на Сорос од Унгарија

174

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс вчера оцени оти е „жално“ тоа што фондацијата на милијардерот Џорџ Сорос заминува од Унгарија, додавајќи дека во таа земја „демократијата трпи“, бидејќи заминувањето на невладината организација е поради закана.

– Жално е што една организација на граѓанско општество, како што е фондацијата Отворено општество, ја затвора својата врата во една држава на ЕУ, вели Тимерманс по најавата на фондацијата дека ќе ја пресели својата канцеларија од Будимпешта во Берлин.

Одлуката за преселба од Будимпешта во Берлин е донесена поради тоа што Влaдата на Виктор Орбан подготвува пакет закони наречени „Стоп Сорос“ со кои се воведуваат рестрикции за невладини организации, се вели во соопштение од Фондот.

– Владата на Унгарија омаловажува и погрешно ја претставува нашата работа и го сузбива цивилното општество заради политички поени користејќи тактика без преседан во историјата на Европската унија, изјави Патрик Гаспар, претседател на Фондот за отворено општество.

Фондот во Унгарија почна со работа во 1984 година.