Жена прегазена пред Апелација во Скопје

88

Триесет и тригодишен скопјанец вчера со возило удрил пешак пред Апелацискиот суд во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.35 часот на паркингот пред Апелацискиот суд во Скопје патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Г. (33) од Скопје, удрило во пешакот К.П. (57) од Скопје.

Жената била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.