Жена тешко повредена во автобус на ЈСП

127

Скопјанка се здобила со тешки повреди откако паднала на вториот кат во автобус на ЈСП.

Во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Свети Климент Охридски“, во моментот на отпочнување со движење на автобус на ЈСП од автобуска постојка, управуван од Д.К.(55) од Скопје, на второто ниво во внатрешноста на автобусот паднала патничката М.Ј.(77) од Скопје.

Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.