ЖИВИ ИЗГОРЕА: Експлозија во Мексико, најмалку 70 луѓе загинаа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

224

Жртвите од експлозијата на нафтоводот во мексиканскиот град Тлалхуеллан, Хидалго, се веќе над 70 . Претходно, беа евидентирани 66 загинати.

Според ББС, тие моментално се 71, а според други извори веќе има 73.Се известува дека 74 лица биле хоспитализирани со разни повреди и изгореници.

Гувернерот на Хидалго, Омар Фајад, рече дека 54 од починатите биле толку сериозно изгорени, што нивното препознавање било можно само преку анализа на ДНК.

Несреќата се случила, кога крадци се обиделе да украдат гориво и така ја пробиле цевката.

На една снимка може да се види како луѓето бегаат колку што можат, а многумина од нив се во пламен. Се фрлаа на тревата и во водата, обидувајќи се да го изгаснат огнот.

Ова е една од најстрашните експлозии на нафтовод во Мексико во историјата.