Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

46

Од 8:00 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите патишта во државата се одвива непречено по влажни коловози.

 

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.