Заврши распитот на Катица Јанева- вака изгледа по еден месец поминат во затвор (ФОТО)

412

Помалку од еден час траеше распитот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

Јанева која е третоосомничена за „Рекет“, околу пладне со полициско возило и придружба беше донесена во Обвинителството, а по распитот повторно е вратена во КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор.

Ова беше втор исказ на Јанева пред ЈО за „Рекет“, откако на 20 август годинава таа беше сослушана во својство на сведок, за следниот ден да биде приведена од нејзиниот дом во Скопје, а Јавното обвинителство за огранизиран криминал и корупција да информира дека ја проширува истрагата за случајот и за Јанева како третоосмничена да побара 30 дневен притвор.