Заев: Анѓушев ќе си замине заедно со мене, кога ќе се формира техничка влада

260

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе си замине од владата заедно со мене кога ќе се формира техничката влада, рече премиерот Зоран Заев.

-Анѓушев ја најави својата оставка. Секако, со техничката влада, кога и Заев, исто така, ќе замине, ќе замине и тој – рече Заев.

Тој денеска објави дека ќе бидат задоволени барањата на странски инвеститори за намалување на 12 царински стапки.