ЗАЕВ: Македонија се надева на решение со Грција до јули

236
Zaev

Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, што го пренесува Ројтерс.

– Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули, рече Заев.

Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.

– Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен, додаде Заев.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули во Брисел.