Закон за ЈО: Пратениците повикани во Собрание, се договараат 80 гласови, до полноќ седница за усвојување

1104

На официјалниот сајт на Собранието нема закажано седница за гласање на законот за ЈО, но според партиски информации до кои дојде ТВ21, до полноќ ќе се закаже седница на која ќе биде гласано за законот за Јавното обвинителство.

Пратениците веќе се повикани во собранието, каде што ќе се договараат 80 гласови, потребни за да помине Законот кој ќе се носи по скратена постапка.

Вчера премиерот Зоран Заев рече дека добил збор од 80 пратеници за Законот. За ВМРО-ДПМНЕ законот е спорен, и не треба да се донесе.

Пратеникот Илија Димовски побара да се симне точката за гласање на законот, но пратениците гласаа против, и не беше усвоена.