Заменик државен секретар на американскиот Стејт департмент доаѓа во Скопје

77

Заменик државен секретар на американскиот Стејт департмент, Џон Саливан, по вчерашната посета на БИХ денеска ќе биде гостин во Македонија, пред да замине во Полска.

Саливан пристигнува како највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Макеоднија.

Во Скопе планирано е Саливан да разговара за регионалните прашања, но според најавата од Стејт департментот и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.

Треба да има средби и со персоналот во американската амбасада во Скопје, а неговата европска турнеја планира и средби со бизнисмени.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, вторник, ќе го прими Џон Саливан, заменик државен секретар на Соединетите Американски Држави.

Средбата е закажана во 15:30 часот.