За разрешувањето на Рашела Мизрахи на потег- спикерот Талат Џафери

1066

Ќе го испразни ли местото техничка минситерка во труд и социјална политика Рашела Мизрахи сега зависи од претседателот на осбранието Талат Џафери дали ќе го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување ,а пратениците ќе го изгласаат предлогот. Мизрахи го кршела уставот, а Спасовски не успеал да ја вразуми за таа да почне да и  се обраќа на јавноста пред пано со новото уставно име на државата.

Во препукувањата меѓу Спасовски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски дали однесувањето на Мизрахи е уставно или не, Спасовски му порача дека тој лесно може да најде замена за Мизрахи меѓу пратениците кој го гласале протколот за НАТО и се согласуваат со употребата на новото уставно име договорено со преспанскиот договор.

Рашела Мизрахи стана прва вест во медиумите откако грчката дипломатија упати протестна нота за игнорирањето на употребата на новото уставно име во обраќањатна техничката министерка, а  МНР преку Никола Димитров го побара разрешувањето за неа. Мизрахи, една недела одбива да се појави јавно пред паното со новото уставно име користејќи ја старата табла во позадина. Изговорите на Мизрахи дека министерството не поседува банер со новото име и ги демантираше нејзината заменичка со видео и фотографии во кои прессконференциите се пред банер во бела боја со новото уставно име. Во собранието,пак, фокусот е ставен на седницата со предлог законите за јавно обвинителство и советот за јавни обвинители, а дали разрешувањето Мизрахи ќе биде тема за дебата зависи од одлуката на претседателот на собранието Талат Џафери.