ЗЕМЈОТРЕС ВО ИНДОНЕЗИЈА: Црниот биланс се искачи на 142 лица (ВИДЕО)

52

Бројот на жртвите на земјотресот кој го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 142 лица, соопшти претставник на локалните власти.

Илјадници лица се евакуирани од зградите и префрлени во засолништа на отворено.

Земјотресот беше почуствуван и на соседниот остров Бали.

Индонезиската Влада претходно потврди дека 82 лица загинаа во земјотресот и дека стотици лица се повредени.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 15 км во близина на северниот брег на Ломбок каде пред една недела беше регистриран земјотрес од 6,4 степени по Рихтер и во кој загинаа 16 луѓе.