ЗОИ 2018: Братен го освои златото во слоупстајл

231

Норвежанецот Ојстеин Братен го освои златото во акробатско скијање во дисциплината слоупстајл на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.

Братен имаше одлична прва серија во која доби 95 поени, што се покажа како недостижно за останатите конкуренти.

Втор беше Американецот Ник Гоепер, додека бронзата ја освои Алекс Болије-Маршан од Канада.

Братен е првиот олимпиец кој го освојува златото во акробатско скијање за Норвешка.