ЗОИ 2018: Ветерот го одложи и женскиот слалом

453

По машкиот спуст и женскиот велеслалом, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг не се одржа според планираното ниту женскиот слалом.

Причина за тоа е силниот ветар. Почетокот на првата трка беше закажана за 10:15 часот по локално време, потоа беше преместен двапати за 15 минути. Сепак, помалку од половина час пред почетокот на трката, организаторите одлучија да го откажат натпреварувањето.

Организатор ги информира гледачите дека женскиот слалом е презакажан за 16 февруари и дека доколку не се во можност да присуствуваат во тој термин ќе им бидат вратени парите за купените билети.

Програмата за алпско скијање во Пјонгјанг требаше да започне во неделата со машкиот спуст, но силниот ветер оттогаш им прави големи проблеми на организаторите. Еден ден подоцна беше откажан женскиот велеслалом, а двете дисциплини б а презакажани за утре. За 15 февруари првично планирано да се вози машкиот суперве-џи кој беше префрлен за в петок, кога ќе биде и женскиот слалом одложен утринава.

Секако услов за да се одржат овие трки е намалување на брзината на ветерот која денеска во Пјонгчанг достигнуваше брзина од 70 км/час.

Досега на ЗОИ се одржа само една трка во алпско скијање – машка алпска комбинација во која триумфираше австрискиот Марсел Хиршер.