ЗОИ 2018: Норвежаните го освоија златото во штафета

288

Машката репрезентација на Норвешка го освои златото во штафета на четири по десет километри во скијачко трчање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежаните во текот на целата трка беа втори, но шампионот од спринтот во Пјонгчанг, Јоханес Хоесфлот Клаебо во финишот го остави зад себе Русинот Денис Спицов и им донесе победа за Норвешка.

Олимпијците од Русија го освоија среброто, а Франција се пласираше на третото место пред Финска и Шведска.

Во моментов Норвешка со вкупно 25 медали е на врвот од листата со одличија, од кои девет се златни, колку што има и Германија (вкупно 17).