Зошто Ријана го тужи својот татко?

347

Светската музичка ѕвезда Ријана поднела тужба против својот татко Роналдо Фенти, поради тоа што тој го користел нејзиното име за да си го унапреди својот бизнис.
Ријана тврди дека Фенти и неговиот бизнис партнер лажеле дека таа има врска со нивната фирма „ Fenty Entertainment”.Со тоа тие ја излажале јавноста и му нанеле штета на нејзиниот бренд „ Fenty “ е наведено во тужбата.
Популарната пејачка од судот побарала да и забрани на компанијата „ Fenty Entertainment” да го користи името на нејзиниот бренд „ Fenty “, поради тоа што тоа име е во нејзина сопственост.

Ријана инаку е во лоши односи со својот татко кој фирмата „ Fenty Entertainment“ ја основал во Калифорнија во 2017 година заедно со партнерот Мозес Перкинс. Оваа фирма лани на својата интернет страница ја истакнала соработката со Ријана иако пејачката воопшто не учествувала во бизнисот.

Таткото на Ријана преку својата „ Fenty Entertainment“ исто така преговарал за 15 настапи на својата ќерка во Јужна Америка вредни 15 милиони долари, без одобрение од музичката ѕвезда, што исто така било наведено во тужбата.