Иванов вели дека не бил поканет на церемонијата за знамето на НАТO

83
ivanov

Oд Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов тврдат дека тој не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО, од Владата, пак убедуваат дека поканата била испратена преку курирска служба и електронска пошта.

„Беше поканет официјално преку курирска служба и преку електронска пошта“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Спротивставените тврдења од Кабинетот на претседателот и од Владaта го оставаат отворено прашањато дали Иванов не ја добил поканата за церемонијата, не била испратена или, пак, тој одлучил да не присуствува пред платото на Владата.

На свеченоста не дојде и поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. Во првите редови седеа пратеникот Амди Бајрам, експремиерите Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски.