ИЛОН МАСК: Догодина луѓето ќе летаат пробно до Марс

153

Пробни летови на Марс ќе бидат организирани наредната година, тврди еден од најинтригантните бизнисмени од Силиконската долина Илон Маск.

– Мислам дека ќе успееме да организираме куси летови до Марс и од Марс во првата половина од наредната година, изјави Маск на фестивал во Остин, Тексас.

Тој рече дека е од клучно значење луѓето да стигнат до Црвената планета пред „евентуална“ светска војна.

Колонија на Марс, според него, ќе ги намали шансите за продплжување на нови Мрачни времиња доколку нуклеарен судир го избрише животот на Земјата.