ИМ ГИ ОКОКОРИ ОЧИТЕ: Серена Вилијамс во мрежести чорапи на Австралија опен

160

Американската тенисерка Серена Вилијамс убедливо ја совлада Германката Татјана Марија 6:0, 6:2, во првото коло на Отвореното првенство на Австралија.

Меѓутоа, по натпреварот главна тема не беше одличната игра на Американката, туку нејзиниот стајлинг.

Серена повторно се истакна со необичната комбинација. Тенисерката заигра во тиркизно трико, а на нозете имаше мрежасти чорапи.

Ова не е првпат Серена да изненади со својот стајлинг на тениските натпревар.